Бајден го номинира Мерик Гарланд за државен обвинител

пред 3 години

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден денеска го номинираше судијата на Федералниот апелациски суд Мерик Гарланд за државен обвинител.

Бајден истакна дека Гарланд и тројца други адвокати кои ги избра за високи позиции во Министерството за правда „ќе ја вратат независноста на судството и довербата во владеењето на правото“.

Гарланд своевремено беше кандидат на Барак Обама за Врховниот суд, додека Бајден беше потпретседател, но американскиот Сенат под контрола на републиканците одби да одржи сослушувања за номинацијата.

Во моментов, Гарланд работи како судија на Апелацискиот суд во Вашингтон.

Scroll to Top