Јавниот обвинител на Аризона ја тужи администрацијата на Бајден за политиките за миграција

пред 3 години

Јавниот обвинител на Аризона, Марк Брнович ја тужи администрацијата на американскиот претседател, Џо Бајден, велејќи дека сака да ја принуди да продолжи со изградба на ѕидот на јужната граница на САД и да ја врати политиката на администрацијата Трамп „Остани во Мексико“, пренесува „Њујорк пост“.

Во тужбата се тврди дека политиката за миграција на администрацијата на Бајден е во спротивност со Националниот закон за заштита на животната средина поради нелегални мигранти кои расфрлаат отпад на границата и затоа што зголемувањето на населението ќе доведе до „ослободување на загадувачи, јаглерод диоксид и други стакленички гасови во атмосферата , што директно влијае на квалитетот на воздухот “.

„Мислам дека е императив да сториме сè што можеме за да се обидеме да се справиме со кризата на нашата граница, затоа ги користам алатките што ги имам во моето поле“, вели тој.

Брнович вели дека демократите користеле слични тактики во минатото за да запрат изградба на автопати, проширување на аеродроми итн.

Тексас и Мисури исто така ја тужат администрацијата на Бајден, оспорувајќи ја нејзината имиграциска политика, велејќи дека има пораст на криминалот во нивните држави поради враќањето на политиката „Остани во Мексико“.

Бајден, непосредно по стапувањето на должноста, прекина многу од имиграциските мерки на Трамп, вклучувајќи ја изградбата на ѕидот на границата со Мексико. Администрацијата на Трамп успеа да изгради 400 милји челична ѕlидна конструкција и покрај долгите судски битки и противењето на Конгресот.

Минатата недела, податоците на ЦПБ покажаа дека бројот на приведувања на границата со САД пораснал за повеќе од 70 отсто во март. Забележаните 172.331 мигрантски приведувања претставуваат највисок месечен број во повеќе од две децении, а администрацијата на Бајден е на пат да го надмине претходниот годишен рекорд поставен во 2019 година со над 977.000 приведувања. Бајден и другите претставници на администрацијата тврдат дека бранот е сезонски.

Трамп мораше да прогласи вонредна состојба во февруари за да обезбеди средства за изградба на ѕид на границата со Мексико откако масовните мигрантски каравани од земјите од Централна Америка кои бараат азил почнаа да се движат кон САД преку Мексико есента 2018 година.

Scroll to Top