Бајден го повика Џонсон да го почитува мировниот договор со Северна Ирска

пред 4 години

Демократскиот кандидат за претседател на САД, Џо Бајден, ја предупреди Велика Британија дека мора да го почитува мировниот договор со Северна Ирска, бидејќи во спротивно нема да има договор за трговија со САД. „Не можеме да дозволиме Договорот на Велипеток што донесе мир во Северна Ирска да биде жртва на брегзит“, порача Бајден на „Твитер“. „Секој трговски договор меѓу САД и Велика Британија ќе биде возможен со почитување на Договорот на Велипеток и спречување на враќање на тврдата граница. Точка.“ Премиерот Борис Џонсон минатата недела го претстави предлог-законот со кој се укинуваат делови од брегзит поврзани со Северна Ирска и ја обвини ЕУ дека во трговските разговори става револвер на маса и се обидува да предизвика поделби во Велика Британија. Бајден го постираше писмото од Елиот Енгел, претседател на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом, во кое го повикува Џонсон да се придржува кон Договорот на Велипеток од 1998 година. Енгел го повика Џонсон да се откаже од сите законски контроверзни и неправедни обиди за отстранување на протоколот за Северна Ирска од договорот за повлекување. Тој исто така го повика Џонсон да обезбеди дека преговорите за брегзит не ги поткопуваат децениските напори за воспоставување мир во Северна Ирска и идните билатерални односи меѓу двете земји. извор: Makfax

Извор: vecer.mk

Scroll to Top