ЕМА ја одобри вакцината на „Џонсон и Џонсон“, се дава само една доза

пред 3 години

Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека ја одобриле вакцината на „Џонсон и Џонсон“. Тоа е четврта вакцина одобрена во ЕУ.

Нејзината дистрибуција до земјите на ЕУ се очекува кон крајот на март или почетокот на април. ЕУ нарача 400 милиони дози, а Хрватска 900 илјади дози.

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ пред два дена ја предупреди Европската Унија дека проблемите со снабдувањето може да го комплицираат планот за испорака на 55 милиони дози вакцини во вториот квартал од годината.

Компанијата се обврза на испорака на 200 милиони дози од својата вакцина оваа година.

За разлика од вакцината на „Фајзер“ или на „Модерна“, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да се транспортира и се чува во обичен фрижидер.

Исто така, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ има една голема предност – се дава само една доза, повторна вакцинација не е неопходна. На тој начин, многу побрзо и многу повеќе луѓе можат да бидат заштитени.

Глобалното клиничко испитување на примерок од 44.000 луѓе открило дека еден месец по вакцинирањето, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ е 66 проценти ефикасна во спречување на сериозно заболување од Ковид-19 и 100 проценти во спречување на хоспитализација и смрт.

Клиничките студии покажуваат дека вакцината е ефикасна и против бразилскиот и јужноафриканскиот вид на коронавирусот. Во Велика Британија, оваа вакцина сè уште не е користена, така што не се знае многу за нејзината ефикасност против британската варијанта на вирусот.

Scroll to Top