Бајден го соопшти составот на тимот за борба против Ковид-19

пред 3 години

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден денеска го објави составот на својот иден тим за борба против коронавирусот, работна група составена од експерти за медицина и здравство, кој ќе биде дел од неговата администрација.

– Борбата против пандемијата на Ковид-19 е една од најголемите со кои ќе се соочи нашата влада. Ќе слушаме што ни кажуваат научниците и експертите. Работната група ќе ми помогне да го дефинирам пристапот, да го контролираме зголемувањето на бројот на новозаразени, да обезбедиме вакцините да бидат сигурни, ефикасни, праведно дистрибуирани и бесплатни и успешно да ги заштитиме високоризичните групи, порача Бајден.

Со работната група заеднички ќе раководат Вивек Мурти, првиот човек на американското јавно здравство во администрацијата на Барак Одама, експертот кој Доналд Трамп го отстрани од таа функција и поранешниот шеф на Агенцијата за франа и лекови (ФДА) Дејвид Кеслер.

Scroll to Top