Бајден претстави низа нови мерки за борба против Ковид-19

пред 3 години

Американскиот претседател, Џо Бајден, денеска претстави серија нови иницијативи за мерки против Ковид-19, како и поголем број достапни тестирања, и поефективна подготовка на новите мутации на вирусот.

Планирани се повеќе тестирања во школите и на населението со ниски примања. Надлежните служби за ова ќе издвојат 650 милиони долари. Министерството за здравство ќе создаде координациски центри за организација и дистрибуција на тестовите, и ќе соработува со лаборатории низ целата земја, како со универзитетските така и со приватни лаборатории.

Министерсвата за здравство и одбрана планираат зголемено производство на материјали за тестирање, со инвестиции во висина од 815 милиони долари.

Друга иницијатива е во правец на напорите за секвенционирање на геномот на вирусот. Центрита за контрола на заболувањата (ЦДЦ) ќе инвестираат околу 200 милиони долари за откривање, следење и намалување на влијанието на новите мутации на SARS-CoV-2 со помош на секвенционирање на геномот. Благодарејќе на ова, бројот на обработени образци ќе се зголеми за три пати, од 7.000 до 25.000 неделно.

Зголемениот број на примероци ќе овозможи поефикасно откривање на новите мутации и попрецизно следење на нивното раширување.

Scroll to Top