Бајден не смееше така да зборува за Путин, смета Ердоган

пред 3 години

Изјавата на американскиот претседател Џо Бајден дека смета дека рускиот лидер Владимир Путин е убиец е неприфатлива и не му одговара на американскиот претседател, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Претседателот Ердоган кажа дека изјавата на американскиот претседател за неговиот руски колега е неприфатлива и несоодветна за еден американскиот претседател.

-Изјавата на господинот Бајден за господинот Путин не доликува на претседател. Забелешките што претседателот ги користи во јавноста за претседателот на земја, како Русија, се навистина неприфатливи и не се нешто што може да се прифати, рече Ердоган.

Според него, Путин ја направил вистинската работа давајќи „многу, многу елегантен одговор“, пренесуваат британските медиуми.

Бајден за Путин кажа дека „ релативно добро го познава“ и дека според неговото искуство со странските лидери, најважната работа е да го знаете соговорникот.

Тој за телевизијата Еј-Би-Си, исто така, кажа дека не верува дека рускиот претседател има душа, а на прашањето дали мисли дека Путин е убиец, тој потврдно одговори.

Scroll to Top