Бајден објави порака за Трамп

пред 4 години

Демократскиот кандидат за претседател на САД, 77-годишниот Џо Бајден, денес ќе биде тестиран за коронавирус, откако беше објавено дека Доналд Трамп е заразен

Утрово се огласи на „Твитер“ и испрати порака до Трамп и Меланија.

„Моите мисли и мислите на мојата сопруга се со претседателот Трамп и првата дама Меланија Трамп. Им посакуваме брзо закрепнување. Ќе продолжиме да се молиме за здравјето и безбедноста на претседателот и неговото семејство”, напиша Бајден.

Трамп и Бајден се сретнаа пред три дена на првата дебата пред претседателските избори во САД. Тие тогаш не се ракуваа и не носеа маски.

Scroll to Top