Бајден: Подготвени сме да го ставиме коронавирусот под контрола

пред 4 години

Новоизбраниот претседател на САД Џо Бајден денеска на Твитер објави дека тој и новоизбраната потпретседателка Камала Харис не губат време и дека се подготвени да го стават коронавирусот под контрола.

– Камала Харис и јас не губиме време. Подготвени сме да го ставиме Ковид-19 под контрола за да можеме безбедно да ги отвориме повторно нашите деловни активности и училишта, да продолжиме со нашите животи и да ја оставиме зад себе оваа пандемија, истакна Бајден.

Тој вчера го објави составот на својот иден тим против Ковид-19.

Со 10.2 милиони заразени, што е околу една петтина од вкупниот број на случаи во светот, САД е на врвот на земјите кои се најмногу погодени од пандемијата, а

Scroll to Top