Бајден покрена „транзициска веб страница“

пред 3 години

Демократскиот кандидат на претседателските избори во САД, Џозеф Бајден, не прогласи победа на изборите, но тој покажува високо ниво на самодоверба со пуштање во употреба на неговата нова „транзициска веб-страница“, пишува британски „Гардијан“.

„Граѓаните на Америка ќе одлучат кој ќе биде следниот претседател на САД. Гласовите се уште се бројат во неколку сојузни држави”, напиша Бајден.

Кризите што ја погодуваат земјата се сериозни – од пандемијата до економска рецесија, климатски промени, до расизам – и преодниот тим ќе продолжи да се подготвува во полн ек, така што администрацијата на Бајден-Харис може да биде подготвена за првиот ден, се вели на веб-страницата на Бајден.

Гласовите се уште се бројат на претседателските избори во САД, но Бајден има голема предност.

Scroll to Top