СЗО бара нови извори за финансирање на борба против пандемијата

пред 3 години

Светската здравствена организација бара нови инструменти за финансирање за да обезбеди 28 милијарди долари (23,02 милијарди евра) за алатки за борба против пандемијата, изјави висок официјален претставник на организацијата и додаде дека се покажало оти финансирањето претставува „вистински предизвик“.

– Тоа е вистински предизвик во денешното фискално опкружување, и покрај фактот дека ова е најдобрата понуда, рече високиот службеник на СЗО, Брус Ејлвард на прес-конференција во Женева.

Ејлвард рече дека оваа сума ќе биде исплатена во рок од 36 часа по укинувањето на ограничувањата за трговија и патувања.

Scroll to Top