Бајден: Тешко дека до лето ќе имаме колективен имунитет

пред 3 години

Американскиот претседател, Џо Бајден вели дека ќе биде тешко САД до крајот на летото да го достигнат „имунитетот на стадо“, што конкретно значи дека најмалку 75 проценти од населението треба да е вакцинирано против коронавирусот.

Бајден за Ес-БиСи Њуз изјави дека е тешко да се реализира идејата САД да постигнат имунитет кон стадо пред крајот на летото.

Според Центрите за контрола и превенција на болести, САД досега дале точно 41.210.937 дози од вакцините против Ковид-19, а низ земјата дистрибуирале 59.307.800 дози.

Scroll to Top