Бајден уште два месеца нема да прима странски државници во Белата куќа

пред 3 години

Вашингтон, 16 февруари 2021 (МИА) – Од почетокот на својот мандат, на 20 јануари, американскиот претседател, Џо Бајден, досега имаше неколку телефонски разговори со неговите колеги ширум светот, но тој засега не планира директни состаноци со нив пред средината на април, соопшти денеска Белата куќа.

-Ќе поминат два месеци пред претседателот да покани странски лидер на состанок во Белата куќа, рече денеска неговата портпаролка Џен Псаки, додавајќи дека тоа не го спречува да има видео состаноци.

Според неа, ограничувањата се неопходни поради пандемијата на коронавирусот.

Scroll to Top