Бајден: Ќе побарам да се носат маски во првите 100 дена од мандатот

пред 3 години

Новоизбраниот претседател Џо Бајден рече дека ќе побара од Американците да носат маски во првите 100 дена од неговиот мандат за да се намали ширењето на коронавирусот.

Бајден за „Си-ен-ен“ изјави дека верува дека ќе има значително намалување на бројот на случаи на коронавирус, доколку сите граѓани носат маски, пренесува „Би-би-си“.

Бајден исто така рече дека ќе нареди да се носат маски во сите владини згради.

„Првиот ден по инаугурацијата ќе ја замолам јавноста да носи маски 100 дена. Само 100 дена под маски, не засекогаш“, рече Бајден.

САД имаат најголем број заразени и починати од последиците на коронавирусот во светот.

Во таа земја, регистрирани се 14,1 милион случаи на коронавирус, додека околу 276.000 луѓе починаа како резултат на инфекцијата.

Scroll to Top