Обама: Бајден ќе работи во најдобар интерес на Америка

пред 3 години

Поранешниот претседател на САД Барак Обама им ја честиташе победата на новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис и додаде дека ги чекаат големи предизвици кога ќе влезат во Белата куќа, пред сè пандемијата на коронавирусот.

– Знам дека ќе ја работи својата работа во најдобар интерес на секој Американец, рече Обама и истакна дека изборите покажаа голема поделба меѓу народот.

– Го охрабрувам секој Американец да му даде шанса и поддршка, истакна тој.

Бајден беше потпретседател два мандати, додека Обама беше претседател на САД

Scroll to Top