Бајден ќе стапи на функцијата под мотото „Обединета Америка“

пред 3 години

Инаугурацијата на новоизбраниот американски претседател Џо Бајден ќе биде насловена „Обединета Америка“, рече Тони Ален, шеф на Комитетот за стапување на должност на новоизбраниот претседател.

Темата „го одразува почетокот на новото национално патување што ја враќа душата на Америка, ја обединува земјата и го трасира патот кон посветла иднина“, се вели во соопштението на Комитетот.

Откако ќе положи заклетва Бајден, новоизбраната потпретседателка Камала Харис и нејзиниот сопруг ќе положат венец на националните гробишта во Арлингтон, каде ќе им се придружат поранешните претседатели Барак Обама, Џорџ В. Буш и Бил Клинтон.

Доналд Трамп нема да присуствува на инаугурацијата на Бајден, но ќе присуствува потпретседателот Мајк Пенс и неговата сопруга.

На церемонијата во Вашингтон ќе бидат подигнати 191.500 американски знамиња и ќе бидат вклучени 56 столбови со светлина – по еден за секоја американска држава и територија. Полето на знамиња ќе ги симболизира „Американците кои не можат да патуваат“ до Капитол за да присуствуваат на заклетвата на Бајден поради ограничувањата за Ковид-19.

Scroll to Top