Белорусија е првата земја што ја доби руската вакцина против коронавирусот

пред 4 години

Русија ја испрати првата серија од својата вакцина „Спутник 5“ против Ковид-19 во Белорусија на клиничко испитување, што е прва испорака во странство, соопшти денеска државниот Руски фонд за директни вложувања (РДИФ).

Доброволци во Белорусија ќе почнат да ја примаат руската вакцина од 1 октомври, соопшти РДИФ, кој со државни средства го поддржа развојот на вакцината.

Рускиот државен инвестициски фонд веќе постигнал договори за продажба на вакцината во Казахстан, Бразил и Мексико.

Претходно, исто така, беше постигнат договор за партнерство во производство на 300 милиони дози вакцина „Спутник 5“ во Индија.

Големи клинички испитувања, односно третата фаза, со најмалку 40.000 учесници, во Русија започнаа на 26 август.

Извор: a1on.mk

Scroll to Top