Албанија ја одобри руската вакцина „Спутник в“

пред 3 години

Албанија ја одобри употребата на руската вакцина против коронавирусот „Спутник в“, информираше денеска Рускиот фонд за директни инвестиции (РДИФ), а пренесува агенцијата ТАСС.

„Рускиот фонд за директни инвестиции објавува регистрација на руската вакцина против коронавирус “Спутник в” од страна на Министерството за здравство и социјална заштита на Република Албанија. Првата група на руска вакцина е веќе доставена во земјата“, се наведува во соопштението на РДИФ.

„Спутник в“ засега е регистрирана во 64 држави со вкупно население од над 3,2 милијарди луѓе.

Испитувањата по вакцинацијата во голем број држави покажуваат дека „Спутник в“ е најбезбедната и најефикасната вакцина против Ковид-19, пишува ТАСС.

Агенцијата додава и дека оваа вакцина е на второто место во светот според бројот на одобренија од страна на државните регулатори. Прва е вакцината на „Астра зенека“, а на третото место е онаа на „Фајзер“.

Претходно денеска и турските власти соопштија дека официјално ја одобриле руската вкацина.

Scroll to Top