Бериша: Рама отиде во САД по вакцини, а купува патики

пред 3 години

Поранешниот албански премиер Сали Бериша објави фотографија од премиерот Еди Рама во една од продавниците во Њујорк, како купува патики. Фотографијата ја објави со порака дека Рама е во Њујорк пет дена поради вакцини, но и поради шопинг за себе.

Рама пред неколку дена отпатува во САД, за да разговара со производителите на вакцини, за купување на истите за Албанија, пренесе албанскиот портал „Панорама“.

Бериша на својот Твитер објави фотографија на која се гледа Рама во црн капут, шарена маска како пробува патики во една продавница во трговски центар.

Рама минатата недела објави на Твитер при што ја извести јавноста дека патува за САД, за да обезбеди вакцини против коронавирус.

„ Обезбедувањето на вакцини во што пократок рок е приоритет на нашата борба против невидливиот непријател и нема да оставиме камен на камен, за да вакцината почне да стигнува во Албанија што побрзо. Во тој поглед служи и контактот лице в лице со производителот на вакцините. На пат за САД“ напиша Рама на Твитер.

Scroll to Top