Берлинските болници ја прекинаа вакцинацијата со „Астра зенека“ за помлади жени

пред 3 години

Државните болници во Берлин кои стојат зад синџирите „Шарите“ и „Вивантес“ престанаа да ги вакцинираат жените на возраст под 55 години со вакцината на „Астра зенека“.

Одлуката следуваше по извештаите за ретки, но сериозни случаи на згрутчување на крвта и во некои случаи смрт по вакцинацијата, претежно кај млади жени.

Од болницата „Шарите“ соопштија дека тоа е сторено од предострожност, додека се чека конечната процена.

Портпаролката на болницата „Вивантес“ исто така рече дека паузата за имунизација со вакцините на „Астра зенека“ е мерка на претпазливост.

Околу 36.000 луѓе работат во тие две групи државни болници, како и домови за стари лица.

„Тагесшпигел“ наведува дека околу две третини од персоналот во „Шарите“ биле вакцинирани, а 70 проценти од нив примиле вакцина на „Астра зенека“.

Scroll to Top