„Бионтек“ подготвен да произведе 2,5 милијарди дози вакцина

пред 3 години

Германската лабораторија „Бионтек“ објави дека има намера годинава да произведе 2,5 милијарди дози вакцина против коронавирус, развиени заедно со американската компанија „Фајзер“, односно 25 проценти повеќе од првично најавените.

Производните капацитети ќе се зголемат поради оптимизација на производствениот процес и проширување на производствената мрежа, како и по одобрувањето да се извлечат шест дози од едно шише, наместо претходните пет, се наведува во соопштението на компанијата.

До 23 март, „Бионтек“ со својот партнер „Фајзер“ испорача повеќе од 200 милиони дози вакцина ширум светот.

Scroll to Top