„Астразенека“ ќе произведе повеќе од 90 милиони дози вакцина во Јапонија

пред 3 години

Фармацевтската компанија „Астразенека“ ќе произведе повеќе од 90 милиони дози вакцина во Јапонија, изјави портпаролот на јапонската влада, во време кога има се поголема загриженост дали земјата ќе има доволно дози за да започне одложена кампања за имунизација, пренесува „Ројтерс“.

Британско-шведската компанија му потврди на јапонското Министерство за здравство дека ќе произведува поголем дел од вакцините во нивната земја.

„Веруваме дека е многу важно да можеме да ја произведуваме вакцината дома“, рече генералниот секретар на јапонската влада, Кацунобо Като.

Јапонија планира да започне масовна имунизација против коронавирусот на крајот на февруари со вакцината на „Фајзер“, прво вакцинирајќи ги здравствените работници.

Владата во Токио нареди 120 милиони дози вакцини на „Астразенека“ и „Оксфорд“, од кои 90 милиони ќе бидат произведени во Јапонија, а остатокот ќе се набавува од увоз.

Scroll to Top