„Би-би-си“: Не, Трамп не победи, гласовите сè уште се бројат

пред 4 години

Британски „Би-би-си“ ги провери тврдењата на Доналд Трамп, кој во обраќањето до нацијата од Белата куќа прогласи своја победа на претседателските избори во САД.

„Ние се подготвуваме да победиме на овие избори. Искрено, победивме на овие избори”, рече Трамп.

„Би-би-си“ потсетува дека голем број гласови сè уште не се преброени во многу клучни земји. Во важни држави како што се Џорџија, Висконсин, Пенсилванија и Мичиген, победникот сè уште не е објавен. Многу гласови, особено во урбаните центри кои го фаворизираат демократскиот кандидат Џо Бајден, сè уште се бројат, потсетува „Би-би-си“.

Scroll to Top