Болсонаро: Армијата може да излезе на улиците еден ден

пред 3 години

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро не ја исклучи можноста да и се нареди на армијата да излезе на улица и да воспостави мир, што предизвика загриженост и покрена бројни прашања во врска со политизацијата на вооружените сили.

За време на интервју за локалната телевизија, Болсонаро не сакаше да открие што планира да направи, но јасно рече дека планира да постапи во случај на појава на каква било проблематична ситуација.

„Нашата армија може да излезе на улица еден ден“, рече ултрадесничарскиот претседател на Бразил, кој во неколку наврати ја пофали дведецениската воена диктатура во Бразил, пренесува Ројтерс.

Многумина се загрижени што би сторил Болсонаро доколку ја изгубеше власта на следните избори и се прашуваат дали ќе се согласи на мирен трансфер на власта, со оглед на тоа што минатиот месец го назначи својот поранешен началник на штабот на чело на министерството за одбрана и назначи тројца команданти во вооружените сили што беше пречекано со големо изненадување и шок во врвот на војската.

По неговата изборна победа во 2018 година, Болсонаро неосновано тврдеше дека има изборна измама, па критичарите сметаат дека тоа би можело да послужи како изговор за да се доведе во прашање резултатот од претстојните претседателски избори.

Scroll to Top