ВИДЕО: Втор ден хаос на улиците во Холандија, водени топови против демонстрантите

пред 3 години

Втор ден по ред, демонстрантите кои се противат на воведувањето строги мерки и полициски час во Холандија се судрија со полицијата, а најжестоки повторно беа протестите во Ајндховен и Амстердам, каде беа употребени водени топови и солзавец за да се разбие толпата.

Насилните протести со помал интензитет во Холандија траат повеќе недели наназад, а ескалираа откако премиерот Марк Руте објави полициски час од 21 часот до 4:30 наутро, прва таква мерка во земјата по Втората светска војна.

За атмосферата во холандските градови и особено во деловите населени со имигранти, илустративна е новата снимка која денеска беше објавена од инцидентот кој се случил за време на новогодишната ноќ, кога група млади луѓе поставиле импровизиран експлозив, комбинација од бензин и ракети за огномет, на мост за велосипеди во северниот дел од Амстердам, предизвикувајќи сериозна штета.

Демонстрантите вечерва повторно палеа автомобили и кршеа излози од продавници во холандските градови, а полициските специјалци употребија кучиња, коњи и водени топови во десетина градови.

Најмалку триста демонстранти се уапсени по вчерашните немири, во кои беше запален и центар за ковид-тестирање во Амстердам.

Scroll to Top