Борел: ЕУ испраќа уште 500 милиони евра воена помош за Украина

пред 2 години

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Џозеф Борел, денеска изјави дека европскиот блок ќе обезбеди уште 500 милиони евра воена помош за Украина.

Тој рече и дека е убеден оти во наредните денови ќе биде постигнат договор меѓу членките на ЕУ во врска со договорот за ембаргото за увоз на руска нафта, пренесе Ројтерс.

Борел моментално се наоѓа во германското летувалиште на северот на Германија, Вајзенхаус, каде што учествува на состанокот на министрите на земјите од групата Г7.

Scroll to Top