(Oд минута во минута) Зеленски тврди дека Русите претпреле огромни штети, САД испраќа уште оружје

пред 2 години

Од минута во минута ја следиме инвазијата во Украина.

Клучни настани:

  • Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските загуби се поголеми од загубите на Советскиот сојуз во 10 годишната војна против Авганистан
  • Руската амбасада во Вашингтон го отфрли како неосновани тезите на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс за можноста за руска употреба на хемиско оружје во Украина
  • Америка подготвува нов пакет на воена помош за Украина во вредност од 750 милиони долари
  • Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина

Најновите вести од минута во минута:

08:50 Нови сателитски снимки покажуваат подготовка на Русија за напад во источна Украина

Последните сателитски снимки на Maxar Technologies покажуваат дека руските сили се подготвуваат за нов ангажман во источна Украина.

08:40 Русија: Ние немаме хемиско оружје

Руската амбасада во Вашингтон го отфрли како неосновани тезите на портпаролот на американскиот Стејт департмент Нед Прајс за можноста за руска употреба на хемиско оружје во Украина, објави агенцијата ТАСС.

08:30 Зеленски: Русите претрпеа непоправливи загуби

„Дали се сеќавате како Русија се фалеше дека ќе го освои Киев за 48 часа? Во 48 часа кои станаа 48 дена, руската армија претрпе неповратни загуби, поголеми од загубите на СССР во Авганистан”, рече Зеленски.

08:20 Америка подготвува нов пакет на воена помош за Украина во вредност од 750 милиони долари

Висок американски официјален претставник на Министерството за одбрана потврди дека Америка подготвува нов пакет на воена помош на Украина во вредност од 750 милиони долари, што ќе биде објавено во наредните денови.

08:10 Бајден: Руската инвазија е геноцид

Американскиот претседател Џо Бајден за првпат вчера изјави дека рускиот претседател Владимир Путин извршил геноцид во Украина, додавајќи дека конечната одлука за тоа ќе ја донесат адвокати на меѓународно ниво.

„Да, го нареков геноцид, бидејќи станува се појасно дека Путин се обидува да ја избрише идејата дека е можно да се биде Украинец. Има се повеќе докази. Но, ние ќе ги пуштиме адвокатите на меѓународно ниво да одлучат дали тоа така ќе го квалификуваат или не, но мене така ми изгледа“, изјави Бајден.

08:00 Премиерите на Полска, Литванија, Латвија и Естонија на пат кон Киев

Полскиот претседател Анджеј Дуда и претседателите на Литванија, Латвија и Естонија се на пат кон Киев за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Велат дека на овој начин покажуваат поддршка за Украина и претседателот Зеленски.

 

Scroll to Top