Борел: САД да ја избришат Куба од списокот земји-спонзори на тероризам

пред 3 години

За време на денешната посета на Москва, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел ја повика администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ја отстрани Куба од списокот на земји кои го спонзорираат тероризмот.

– Жал ни е за одлуката на Доналд Трамп да ја означи Куба како земја што го поддржува тероризмот во неговите последни часови на функцијата. Очекуваме дека новата администрација ќе ги врати работите во нивната првобитна состојба, наведе Борел.

Високиот претставник на ЕУ истакна дека таквиот статус наметнат од САД им создава многу проблеми на Кубанците.

Scroll to Top