Борисов победи на изборите во Бугарија, повика на формирање на експертска влада

пред 3 години

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, на чело на централно-десничарска партија ГЕРБ, според првичните иннформации е победник на вчерашните парламентарни избори. Од обработени 42.47 проценти од гласовите, ГЕРБ води со 24,15 осто, а зад нив со 19 осто е партијата „Има таков народ“ на Слави Трифунов што изненади многумина. Според избројаните гласови, следна засега е БСП со 14,88 отсто.

Борисов ги повика неговите противници да ги здружат силите, навестувајќи ја идејата за формирање влада.

„Јас ви нудам мир. Дозволете ни да назначиме експерти и до декември можеме да ја надминеме пандемијата и да одиме напред.Тоа е мојата понуда до сите вас. Дозволете ни да ги избереме најдобрите луѓе да ја завршат работата. Обединети сме силни“, рече тој.“, изјави Борисов синоќа во видеото на Фејсбук.

Процесот на пребројување на гласовите се одвива бавно, поради ковид-протоколите.

Scroll to Top