Бојко Борисов нуди формирање експертска влада

пред 3 години

Бојко Борисов, чија партија ГЕРБ, според излезните анкети e победник на вчерашните парламентарни избори, ги повика противниците да се здружат, навестувајќи ја идејата за формирање широка влада.

„Јас ви нудам мир. Дозволете ни да назначиме експерти и до декември можеме да ја надминеме пандемијата и да одиме напред“, вели Борисов во видеото на Фејсбук. „Тоа е мојата понуда до сите вас. Дозволете ни да ги избереме најдобрите луѓе да ја завршат работата. Обединети сме силни“ – вели Борсов во видео обрќање на социјалните мрежи.

Централната изборна комисија досега објави само нецелосни резултати. Рано утрово, Комисијата соопшти дека со само 16 проценти преброени гласови, партијата ГЕРБ имала 24 проценти, „Има таков народ“ имала 18 проценти, а Социјалистичката партија имала 15 проценти. Конечните официјални резултати се очекува да бидат објавени за неколку дена. Доколку се потврдат проекциите, на Борисов ќе му биде доделен мандат за формирање на неговиот четврти кабинет.

Scroll to Top