Бразилски лекари: Ова е полошо од хаос

пред 3 години

Бразил е на раб на катастрофа, бидејќи одделенијата за интензивна нега за пациенти со Ковид-19 се преполни, а претседателот Жаир Бослонаро одбива да воведе блокада.

Здравствените работници ја опишуваат состојбата како застрашувачка, здравствениот систем на земјата е во најтешка криза во нејзината историја, а пациенти умираат додека чекаат кревет на интензивна нега, пишува Гардијан.

Истражувачите од водечкиот бразилски институт за здравство, Фиокурз, велат дека најголемата земја во Јужна Америка се соочила со невидена „катастрофа“.

Бразилскиот претседател продолжува да го намалува ризикот од пандемија што однесе повеќе од 287.000 животи во таа земја, а Бразил е на второто место во светот по бројот на смртни случаи, по САД. Зголемувањето на бројот на заразени и смртни случаи делумно се должи на ширењето на бразилската варијанта на коронавирусот, П1.

– Ситуацијата не е толку критична. Во споредба со другите земји, тоа е навистина комотна, рече Рикардо Барос, поддржувач на Болсонаро во Долниот дом, во средата, кога во Бразил беа пријавени 2.798 смртни случаи и рекордни 90.830 нови случаи на коронавирус.

Сепак, лекарите во одделите за интензивна нега посочуваат дека ситуацијата е очајна и „полоша од хаос“. Некои од нив плачат од истоштеност и очај додека се борат да се грижат за голем број на критично болни пациенти, наведува весникот.

Во некои болници, поради недостиг на простор, пациенти се сместуваат во амбулантни возила.

Scroll to Top