Бајден: Овие сцени на хаос не се вистинската Америка

пред 3 години

Напад на демократијата, напад на симболот на слобдата, Капитол, претседателот Трамп да го запре ова – ова се пораките од Џо Бајден кој вечерва и се обрати на нацијата во врска со случувањата во Вашингтон.

„Зборовите на претседателот се значајни без разлика дали е добар или лош претседател. Затоа го повикувам преседателот Трамп да излезе на национална телевизија и да ја исполни заклетват дека ќе го штити Уставот и да побара прекин на окупацијата на Капитол“

Тој ги нарече демонстрантите екстремисти кои сакаат да предизвикаат беззаконие.

„Нашата демократије е под напад. Вакво нешто не се случило досега. Нападнат е симболот на демократијата, претставниците на народот и полицијата. Овие сцени на хаос не се вистинската Америка. Ова е мала група екстремисти кои сакаат да предизвикаат беззаконие. Ова е срамно, ова е хаос. И мора да заврши веднаш.

Scroll to Top