Британија ги смени законите за „локдаун“ – можно затворање на рестораните и продавниците до 17 јули

пред 3 години

Британската влада ги смени законите за „локдаун“ без многу врева, со што го олесни донесувањето одлуки за затворање пабови, ресторани, продавници и јавни места до 17 јули, објави Телеграф.

Премиерот Борис Џонсон во петокот рече дека Владата не размислува за ублажување на рестриктивните мерки, имајќи предвид дека бројот на заразени со коронавирусот не се намалува, пренесува Ројтерс.

Тој рече дека мерките ќе останат на сила се додека во Владата не се уверат дека програмата за вакцинација влијае на запирање на ширењето на епидемијата.

Scroll to Top