Британскиот премиер најавува: Вакцинирањето против Ковид-19 ќе биде редовно како за грип

пред 3 години

Британците треба да ја сметаат вакцинацијата против Ковид-19 како вакцина против грип што редовно ќе ја примаат ранливите луѓе, изјави денеска британскиот премиер Борис Џонсон.

– Треба да се подготвиме за свет во кој наесен ќе имаме подобри вакцини против новите мутации, нагласи Џонсон на редовниот брифинг посветен на состојбата со коронавирусот во земјата.

– Треба да почнеме да размислуваме за тоа како за вакцина против грип, нешто што секоја година ќе го добиваат постари или ранливи луѓе, истакна Џонсон.

Тој додаде дека е убеден оти вакцините ќе бидат подобри и подобри и ќе дејствуваат на сите мутации на коронавирусот.

Scroll to Top