Британците од овој месец ќе можат без ПЦР-тест да влезат во Шпанија

пред 3 години

Шпанија од 20 мај планира да ја укине обврската за негативен ПЦР тест на коронавирусот за Британците при пристигнувањето во земјата, под услов стапката на инфекција во Велика Британија да продолжи да опаѓа, рече денеска шпанската министерка за туризам, Рејес Марото.

„Со отворање на британскиот пазар, Британците ќе можат да ја посетат Шпанија“, нагласи Марото по состанокот на владата.

Плановите за укинување на барањата за ПЦР тестови се дел од пошироката ревизија на европските регулативи за патување надвор од ЕУ, што Марото очекуваше да биде одобрено до 20 мај.

„Британците би можеле да не посетуваат од 20 мај без ПЦР тест доколку стапките на инфекција се под моментално забележаниот опсег, кој сега изнесува 50 случаи на 100.000 луѓе“, рече Марото.

Таа исто така истакна дека Шпанија мора да ја намали сопствената стапка на инфекција за да ја охрабри британската Влада да ги укине ограничувањата за патниците кои се враќаат. паг/

Scroll to Top