Странците што примиле кинеска вакцина ќе можат полесно да влезат во Кина

пред 3 години

Кина денеска соопшти дека го поедноставува визниот процес за странските државјани кои се имунизирани со една од кинеските вакцини против Ковид-19, правејќи го последниот мал чекор кон нормализирање на меѓународните патувања.

-Вакцинираните патници кои авионски пристигнуваат во Кина и натаму ќе мора да имаат негативен тест за коронавирус, како што налагаат актуелните правила, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Жао Лиџијан.

Портпаролот потенцира дека „патниците, откако ќе влезат во Кина, треба да се придржуваат до соодветните правила за карантин и мониторинг“, додавајќи дека земјата е подготвена да се согласи на взаемно признавање на сертификатите за вакцинација со други земји.

Кина во саботата од Хонг Конг го најави процесот на издавање визи за вакцинираните странци кои влегуваат во оваа територија.

Кина главно ја извезува својата вакцина во трети земји, што ги принуди САД, Австралија, Јапонија и Индија да почнат со дистрибуција на вакцината во азиските земји, искористувајќи ги т.н. „вакцина дипломатија“

Scroll to Top