Бројот на жртвите од земјотресот во Индонезија се зголеми на 56, повредени се 826 лица

пред 3 години

Бројот на починати во земјотресот со јачина од 6.2 степени кој ја погоди индонезиската провинција Западен Сулавеси се искачи на 56 објави националната агенција за санирање катастрофи.

Најголемиот дел од починатите се од главниот град на провинцијата каде има 47 мртви, останатите девет се од соседниот округ.

Постојано се зголемува и бројката повредени. Досега има 826. Спасувачите успеаја да дојдат до повеќе преживеани во урнатините.

Земјотресот кој го погоди подрачјето во петокот принуди 15 илјади луѓе да ги напуштат домовите.

Вчера регионот го затресе и нов удар со јачина од пет стпени. Се очекува потреси да има и во следниот период.

Scroll to Top