Пет лица тешко повредени при пожар во рафинерија за нафта во Индонезија

пред 3 години

Индонезиската државна нафтена компанија Пертамина денеска соопшти дека се обидува да изгасне голем пожар во рафинеријата Балонган во Западна Јава, во кој пет лица се тешко повредени, а 950 жители евакуирани од областа.

Пожарот изби по полноќ, а на видео снимки објавени на социјалните мрежи се гледа огромен пламен кој ја зафатил рафинеријата и се слушаат експлозии.

Во соопштението на Пертамина се наведува дека пожарот во рафинеријата, која може да преработи 125.000 барели дневно, избувнал по силниот дожд проследен со громови. Телевизиските снимки покажуваат дека пожарот се уште беснее утрово и црн чад се издигнува од местото, околу 225 километри источно од главниот град Џакарта.

Државната компанија за нафта соопшти дека ја затвора рафинеријата со цел да спречи натамошно ширење.

Во моментов нема докази за терористички акт. Сепак, експлозијата се случи неколку часа по нападот врз католичка црква во кој загинаа двајца напаѓачи а десетици беа повредени.

Scroll to Top