Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 123 милиони

пред 3 години

Бројот на заразени од коронавирус во светот надмина 123 милиони од почетокот на пандемијата, според податоците на страницата Ворлдметерс.

Од последици од вирусот досега починале 2,7 милиони луѓе, а 99,1 милиони се излекувалеле.

Бројот на активни случаи во моментов е 21,1 милиони, од кои 0,4 проценти се во критична состојба.

Во последните 24 часа, во светот се пријавени повеќе од 535.000 нови случаи на коронавирус, а речиси 10.000 луѓе починале, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Во дневниот извештај на СЗО се наведува дека во изминатиот ден се регистрирани 535.860 нови инфекции и 9.868 смртни случаи.

Во Европа се регистрирани 233.900 нови случаи.

Следат Северна и Јужна Америка со 195.970 и Југоисточна Азија со 49.211 новозаразени.

Соединетите Американски Држави сè уште имаат најмногу случаи на коронавирус од почетокот на пандемијата, со повеќе од 29 милиони, по што следат Бразил и Индија со повеќе од 11 милиони заразени.

Scroll to Top