Бројот на заразени во светот надмина 100 милиони, пандемијата ни оддалеку не е скротена

пред 3 години

Бројот на случаи на луѓе заразени со коронавирусот во светот вечерва надмина 100 милиони, покажуваат податоците на страниците кои ги бројат инфицираните и починатите во пандемијата.

Од почетокот на глобалната епидемија, на стартот на минатата година, во светот се регистрирани 100.084.449 случаи на Ковид-19, додека како последица од вирусот починале 2.144.851 пациент.

Од Ковид-19 досега се излекувани 72.018.275 луѓе.

Најголем број смртни случаи имаат САД (речиси 430.000), потоа следуваат Бразил (217.000), Индија (153.000), Мексико (149.000) и Велика Британија (98.000).

Scroll to Top