Вакцината „Џонсон и Џонсон“ вратена во употреба во САД

пред 3 години

Вакцината на Џонсон и Џонсон во САД повторно може да се употребува без никакви ограничувања, откако Американската агенција за лекови издаде ваква препорака.

Американската Агенција за храна и лекови и Центрите за контрола и превенција на болести ја укинаа паузата за употреба на вакцината „Џонсон и Џонсон“, соопшти Агенцијата за храна и лекови.

Одлуката следеше по истрагите на агенциите за ризиците од вакцината.

„Веќе не препорачуваме пауза во употребата на оваа вакцина“, рече директорката на ЦДЦ, Рошел Валенски на брифинг за новинарите, додавајќи дека вакцината може да се користи веднаш.

Scroll to Top