„Ветената земја“ на Обама на пат да стане најпродавана најпродавана меѓу претседателските мемоари

пред 3 години

Речиси 890.000 примероци од новата книга на Барак Обама, Ветена земја (A Promised Land), се продадени во САД и Канада во првите 24 часа по објавувањето. Книгата е на пат да стане најпродавана меѓу претседателските мемоари на денешницата, пишува Гардијан.

Продажбата од првиот ден, што е рекордна за Penguin Random House, вклучува преднарачки, е-книги и аудио.

– Возбудени сме од продажбата првиот ден, рече Дејвид Дрејк од издавачката куќа.

Единствената книга на поранешен жител на Белата куќа што се приближува до таа бројка се мемоарите на Мишел Обама – првиот ден продаде 725.000 примероци во Северна Америка. Од објавувањето на книгата во 2018 година, ширум светот се продадени повеќе од 10 милиони примероци.

„Ветената земја“ е на првото место на Amazon.com и Barnes & Noble.com – со продадени повеќе од 50.000 примероци првиот ден и се надеваат дека ќе достигнат половина милион за 10 дена.

За споредба, 400.000 примероци од „Мy Life“ на Бил Клинтон беа продадени во Северна Америка првиот ден, а Џорџ В. Буш продаде 220.000 примероци од „Decision Points“, во моментов продадени од 3,5 до 4 милиони примероци, соодветно.

Најбрзо продавана книга во историјата е Harry Potter and the Deathly Hallows на Џоан Роулинг во 2007 година, кога беа продадени повеќе од 8 милиони примероци за 24 часа.

Мемоарите на Обама на 768 страници беа објавени две недели по изборите.

Scroll to Top