(Видео) Автобус виси на надвозник во Њујорк

пред 3 години

Најмалку осум лица се повредени во несреќа во Њујорк кога автобус слета од надвозник во Бронкс.

Сите повредени биле патници на автобусот и биле пренесени во болницата, пренесува „Гардијан“.

Службите за итни случаи ја затворија целата област поради инцидентот.

Снимките од автобусот на социјалните мрежи покажуваат како тој се одвоил, при што предниот дел паднал од надвозникот, додека задниот дел останал на горниот дел од патот.

Не е јасно колку патници имало во автобусот за време на несреќата.

Scroll to Top