(Видео) Автобус полн со патници слета од мост во Индија, загинаа 40 лица

пред 3 години

Автобус полн со патници слета од мост во канал во централна Индија, при што загинаа 40 лица.

Во автобусот предвиден за 34 лица имало повеќе од 46 лица, пренесува АП.

Спасувачките екипи пронашле 40 тела и трагаат по другите патници.

Полицијата вели дека повеќе од 110.000 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи во Индија. Повеќето несреќи се предизвикани од неприлагодено возење, лошо одржувани патишта и стари возила.

Scroll to Top