ВИДЕО: Аплаузи и воодушевување: Роверот „Истрајност“ слета на Марс по седум месеци пат

пред 3 години

Роверот на американската вселенска агенција НАСА, „Perseverance“ („Истрајност“), по седум месеци патување низ Сончевиот систем, вечерва во 21,56 часот по средноевропско време слета на Марс, сместувајќи се во еден кратер.

Со успешното спуштање на тлото на „Црвената Планета“ и официјално треба да почне потрагата по докази за древниот микробиолошки живот на Марс.

Инженерите од лабораторијата за реактивен погон на НАСА (JPL) во близина на Лос Анџелес се надеваат дека првата фотографија од Марс ќе ја добијат уште вечерва.

Кратерот „Езеро“, именуван според едно село во Босна и Херцеговина, е слив широк 45 километри, сместен во северната хемисфера на Марс. Местото се разгледувало за слетување и на претходните мисии, но досега се сметаше дека ќе биде премногу тешко да се слета на него.

Scroll to Top