(ВИДЕО) Апсења во Белград: Нема да дозволиме нов Земунски клан“

пред 3 години

Во голема полициска акција ноќеска низ Србија уапсени се 17 лица кои се обвинети за најтешки кривични дела.

„Ова се луѓе кои мачеле, убивале и правеле незамисливи работи“ – рече министерот за внатрешни работи Александар Вулин на прес конференција утрово.

Решивме Белград да биде безбеден град, нема да дозволиме никакви криминални организации можеби и посилни од Земунскиот клан вели Вулин. Акцијата била подготвувана подолго време инфромираат од полицијата.

Српските медиуми пишуваат дека меѓу приведените се познати имиња од подземјето кои биле дел од навивачката група на Партизан.

Scroll to Top