ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Прикажани обезглавени тела со траги на тортура и малтретирање, дело на групата на Беливук

пред 3 години

По седницата на Советот за национална безбедност, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, покажа фотографии кои докажуваат злосторства за кои е осомничена криминална група предводена од Вељко Беливук, наречен Веља Неволја.

Вучиќ претходно истакна дека истрагата е проширена и за четвртото убиство и дека се собираат докази за „петтото, шестото и седмото убиство“, а потоа беа покажани фотографии на кои се гледаат телата на убиените, за чии ликвидации се сомничи групата на Беливук. На фотографиите се гледаат и снајперски пушки.

Клучните докази против криминалните групи на Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и Дарко Елез, меѓу другите материјални траги, ги пронашла полицијата и обвинителството при вештачењето на мобилните телефони на членовите на овие екипи, но и на нивните соработници!

Фотографии од осакатување на луѓе биле пронајдени и во телефонот на една од приведените девојки, кои биле испрашувани во просториите на Службата за борба против организираниот криминал (СБПОК). Станува збор за лице чие исчезнување било официјално пријавено во полиција.

Споменатата девојка се согласила да соработува и моментално е на слобода. Меѓу другото, таа е обвинета дека е дел од тимот што перел пари заработени од злосторствата на Беливук и Миљковиќ, кои всушност станале огранок на „Кавачкиот клан“ во Србија.

Според српските медиуми деталите од убиствата се толку монструозни, како да ги извршувале по примерот на касапите од Исламската држава.

– Не донесовме одлука да објавиме снимки од извршувањето на убиствата. Имаме слики и снимки каде што лицата се препознаваат и тоа го сокривме. Ќе видите две лица ликвидирани на брутален и монструозен начин, рече тој пред да ги покаже фотографиите.

Министерот Вулин додаде дека „снајперска пушка не се набавува за рекет“.

– Завршивме со оваа банда и испраќаме порака до оние кои мислат дека ја наследија – готови сте, ќе завршите зад решетки. Ќе се справиме со нив, ги има од Врање до Суботица, од Ваљeво до Ниш, ќе има апсења на секое место колку што сакате. Оние кои мислат дека со убиство и продавање дрога можат да постигнат нешто во животот, мора да бидат санкционирани, рече Вучиќ.

Scroll to Top