ВИДЕО: Бајден падна по скалите од претседателскиот авион, не е повреден

пред 3 години

Американскиот претседател Џо Бајден денеска на тргнување кон Атланта, ја загуби рамнотежата на скалите кои водеа кон претседателскиот авион и падна, по што 78-годишниот лидер се исправи, стигна до влезот на авионот и мавна за да даде до знаење дека се чувствува добро.

Претседателот неколкупати се сопна пред да падне на колена, но брзо успеа да ја врати рамнотежата.

Бајден во Атланта ќе се сретне со претставниците на азиската заедница, откако осум жени беа убиени од страна на вооружен напаѓач.

Scroll to Top