(ВИДЕО) Брутална корона рација во БиХ: Полицијата без милост ги влече гостите од кафуле

пред 4 години

Елвис Шариќ од Ѓурѓевик кај Живница, е сопственик на кафулето „Kafe Laundž Legato“ каде што вчера вечер околу 23 часот интервенираше полиција.

Шариќ се жали на нивната реакција, а на видео-снимката се гледа како полицајците буквално ги влечат гостите од објектот.

„Моето кафуле, кое го водам со брат ми, максимално може да прими 80 гости, а вчера имаше од 20 до 25 луѓе. Околу 23 часот пристигна полициска патрола. Се занимавам и со музика и во својот локал имаме свирки во живо. На видео-снимката јасно се гледа. Гостите од кафулето на сила ги исфрлаат. Немаше потреба за тоа“, вели сопственикот.

Тој додава дека ќе пријави дел од полицајците затоа што постапувале крајно непрофесионално.

Scroll to Top