(Видео) Десетици загинати во стампедо на верски фестивал во Израел

пред 3 години

Десетици луѓе загинаа во стампедо на верскиот фестивал Лаг Б’Омер во северниот дел на Израел во петокот вечерта, објавија локалните медиуми, а премиерот Бенјамин Нетанјаху ја нарече несреќата голема трагедија.

Лекарите потврдија дека 103 лица се повредени, вклучително и десетици лица со фатален исход, на фестивалот Лаг Б’омер во подножјето на планината Мерон, каде што десетици илјади ултраортодоксни Евреи се собираат на гробница од 2 век на еврејскиот мудрец на годишното чествување на неговата смрт.

Гробницата на рабинот Шимон Бар Јохаи е едно од најважните светилишта во еврејскиот свет, а овогодинешниот собир во знак на одбележување на неговата смрт е најголемиот во Израел откако се појави пандемијата на коронавирусот.

Медиумите јавуваат за 44 починати. Полицијата нареди евакуација на аџиите.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на Твитер напиша дека станува збор за голема трагедеија. „Сите се молиме за благосостојбата на жртвите“, рече тој.

Религиозниот собир беше организиран и покрај противењето на здравствените власти, кои беа загрижени за ризикот од ширење на инфекцијата со Ковид-19.

Scroll to Top